четврток, 12 ноември 2026
Најново

Се запали трафостаницата во Пинтија, се изгаси струјата на скопјани

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија во поголемиот дел на Скопје, е дефект во трафостаницата во Пинтија.
Повеќе детали ќе соопштат откако ќе добијат информации од екипите испратени на терен.
Според првичните сознанија, во близина на трафостаницата имало пожар.
Поголем дел од Скопје попладнево остана без напојување со електрична енергија.
Без струја беа и се населбите Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Водно, Козле, Ѓорче Петров, Мичурин, Автокоманда и дел од Центар.
Од ЕВН упатија на МЕПСО бидејќи проблемот бил во високонапонската мрежа.

Поврзани вести