четврток, 12 ноември 2026
Најново

НАСКОРО КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО КАРПОШ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска имаше средба
со економскиот директор на Институтот за трансфузиона медицина Венко
Стомнароски.
На средбата Стомнароски упати замолница Општина Карпош повторно да ги
активира крводарителските акции затоа што сме соочени со зголемена потреба од
крв и крвни продукти, а поради пандемијата намален е бројот на крводарители.
Од тие причини градоначалникот Јакимовски се обврза во следните 20 дена да се
организираат крводарителски акции со цел општината да даде свој придонес во
обезбедување на неопходните единици на крв за лекување на нашите сограѓани.

Поврзани вести