Убиен украинско-рускиот преговарач!

Извори во Украина тврдат дека член на делегацијата испратена од Киев на разговори со Москва претходно оваа недела, бил убиен во саботата.

Првото тврдење за смртта на Денис Киреев дојде од Александар Дубински, контроверзен пратеник и новинар. Во објава на социјалните мрежи, тој тврди дека Киреев бил убиен од агенти на СБУ, украинската служба за безбедност, при обид да го уапсат.

Тврдењето подоцна беше потврдено од два медиума, Ukraina.ua и Obozrevatel, кои цитираа свои анонимни извори. Првиот објави делумно заматена фотографија од, како што тврди, телото на маж. На сликата се гледа како некој лежи на тротоарот свртен нагоре со крв на лицето. До 16 часот по локално време во саботата немаше коментари на украинските официјални лица.

Уште подраматичен опис на она што наводно се случило објави Анатолиј Шариј, украински политичар и новинар. Тој тврдеше дека Киреев „бил егзекутиран со истрел во главата“ во близина на судот во Киев.

Киреев, кој имаше искуство во банкарството, беше фотографиран како седи на крај на преговарачката маса заедно со други украински претставници за време на првиот круг од мировните преговори со Русија во понеделникот. Поради некоја причина, на официјалниот список од шест претставници што Киев им го објави на медиумите не го содржи неговото име, така што неговиот статус за време на разговорите останува нејасен.

Минатиот месец, Украинската телевизија Канал 5 тврдеше дека Киреев бил под истрага од СБУ за наводни врски со руските разузнавачки служби најмалку од 2020 година. Се тврди дека истрагата била прекината бидејќи имал лични врски со агенцијата.

Останува нејасно дали извештајот за Киреев емитуван на каналот, кој е во сопственост на поранешниот украински претседател Петро Порошенко, сепак бил дел од негативната кампања спроведена против него.

Пронајдете не на следниве мрежи: