Хранлива вредност на пилешкото месо
Во 100 грама бело пилешко месо без коски има: 165 калории, 31 грам протеини, 4 грама масти (од кои 1 незаситени), 74 мг натриум.
Ако сакате крцкаво пилешко со кожичката, тогаш нутритивната табела малку се менува: 197 калории и 8 грама масти (од кои 2 заситени).
Само 100 грама пилешко месо дневно ги задоволува дневните потреби за железо, а ќе внесете и значителна количина витамин Б и цинк.
Исхраната со пилешко месо го намалува ризикот од прекумерна дебелина, како и од кардиоваскуларни болести и дијабетес.
Пилешко на безброј начини
Пилешкото е едно од најчесто користените меса во речиси сите кујни низ светот, а може да го припремите на многу начини – да го варите, печете, готвите на пареа, пржите, похувате…
Рецепти има колку што има различни вкусови и богата имагинација, па и секој рецепт може да го измените да одговара на вашиот вкус.
Ви ги предлагаме овие пет различни начини на кои може да подготвите пилешко месо: