Тајната состојка за најкремастата супа од домати во која нема ни грам павлака

Кој не ужива во добра супа од домати? Овој кулинарски класик се ужива на речиси сите континенти. Супата од домати може да биде вкусно предјадење – па дури и главно јадење ако се служи со тост со сирење.
Во многу рецепти, се додава павлака или хопла за да се постигне кремаста текстура на супата. Но, не ви треба. Кремаста текстура на супата ќе постигнете ако додадете тајна состојка – варен наут.
Дополнителна длабочина на вкус ќе добиете ако прво ги испржете доматите, кромидот и лукот во рерна, а потоа ги измешате во кремаста супа.
Состојки за супа од домати:
1 конзерва излупени домати од 400 гр
70 гр варен наут
4 свежи домати
2 лажички свежи листови од мајчина душица
1 мал кромид
1 чешне лук
1 лажица екстра девствено маслиново масло
1 лажица балсамико оцет
1 лажичка јаворов сируп
½ лажички чили во прав по желба
сол и бибер по желба


Подготовка на супа од домати:
Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови.
Завиткајте едно чешне лук во алуминиумска фолија и ставете го на плех. Свежите домати исечкајте ги на четвртинки. Излупете го кромидот и исечете го на четвртинки.
Зеленчукот премачкајте го со малку масло, сол и бибер. Печете сè заедно околу 20 минути.
Печениот кромид и домати префрлете ги во блендер. Истолчете неколку чешниња печен лук и ставете во блендер заедно со излупени домати, варени наут, балсамико оцет, една лажица екстра девствено маслиново масло, мајчина душица, сол и бибер. Ако сакате зачинета храна, додадете малку чили во прав.
Пулсирајте сè заедно во блендер додека не добиете еднолична кремаста супа.
Истурете ја супата во тенџере, загрејте ја кратко и послужете ја со тост леб. Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.