На јавноста одамна и е позната аферата со препродавањето на земјиштето во Делчецо во која има призвук на организирана криминална група. ПУЛС24 веќе пишуваше на оваа тема. Денеска се појавија нови информации, кои ги преземавме од порталот ВО ЦЕНТАР
Во Обвинителството според нашите информации се наоѓаат лица од најголема доверба на лидерот на една политичка партија, членови на неговото обезбедување и неговиот хидро бизнис партнер познат по прекарот “Ефто”.
Според пишувањето на медиумите сомнителната препродажба на нивите во делчевскиот регион, со вкупна површина од 150.000 квадратни метри, се случила на почетокот на октомври минатата година, или две недели пред првиот круг на локалните избори.
Во моментот Управата за финансиска полиција, предводена од Арафат Муареми и Основното јавно обвинителство за организиран криминал, според неофицијалните информации на порталот Во Центар “приведоа” на разговор седум лица кои се поврзани со случајот Делчевски ниви.
Во денешното интервју за Фокус, Муареми најави дека за случајот Делчевски ниви, дошле до мозокот на целата операција, која допира до една политичка партија.
Во Обвинителството според нашите информации се наоѓаат лица од најголема доверба на лидерот на една политичка партија, членови на неговото обезбедување и неговиот хидро бизнис партнер познат по прекарот “Ефто”.
Во емисијата Во Центар уште пред неколку недели беше најавено дека една од причините за политичката криза во државата се должи токму на истрагата поврзана со овој случај.
Според пишувањето на медиумите сомнителната препродажба на нивите во делчевскиот регион, со вкупна површина од 150.000 квадратни метри, се случила на почетокот на октомври минатата година, или две недели пред првиот круг на локалните избори. Нивите, со вкупна површина од 150.000 квадратни метри, биле купени од физички лица и платени од 20.000 до 30.000 евра, а потоа експресно биле препродадени на ЕВН Електрани за неверојатни 1,6 милион евра.
Финансиската полиција во рамките на оваа акција го “спакува” и поранешниот лидер на младите на една голема политичка партија.
Имаше најави дека целата акција ќе биде реализирана пред Велигден, а потоа требаше да се случи пред десет дена но тоа беше пролонгирано. Долго време, според информациите на порталот Во Центар, траеја “правните консултации” со јавната обвинителка за организиран кримнинал, но на крајот место преку јавното целата операција е спроведена преку Основното Обвинителство за организиран криминал.
За да биде спречена целата акција, моќни играчи во опозицијата, во спрега со правосудни иргачи, ја отворија аферата Трансмет со која “пукаа” токму на Арафат Муареми и обвинителот Гаврил Бубевски!?
Исто така прочитајте и:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.