Реакции на расистичките изјави на Орбан: „Фантастично и опасно“

Говорот на унгарскиот премиер Виктор Орбан за Европа и „мешаните раси“ наиде на остри критики. Во своето обраќање до унгарското малцинство во Романија, тој, меѓу другото, рече дека Унгарците не сакаат да станат „народ од мешана раса“.

Радикални идеи и изјави од Орбан, какви што до сега немал:

Во Панонската рамнина има европски нации како што се Унгарците, Романците, Словаците и други, рече Орбан. Ние овде „не сме мешана раса“. Згора на тоа, овие народи создадоа своја „нова европска култура“, продолжи унгарскиот премиер и нагласи: „Се боревме, подготвени сме да се мешаме еден со друг, но не сакаме да станеме народи од мешана раса“.
Реакции на расистичките изјави на Орбан: „Фантастично и опасно“

Говорот на Виктор Орбан во гратчето Бајила Тушнад во Романија наиде на големи критики и во Унгарија и во членките на Европската унија. Обраќајќи им се на членовите на унгарското малцинство во Романија во саботата (23 јули), тој го рече следново:

„Постои свет во кој европските народи се мешаат со дојденци надвор од Европа. Тоа е свет со мешана раса. А кај сме ние само народи од Европа, се мешаат, работат, се движат. Затоа ние во Панонската Низина не сме мешана раса, ние сме едноставно мешавина на народи родени во Европа“.

Тој се осврна на тезите, како што рече, за „меѓународната левица“, која наводно тврди дека Европа е населена со луѓе од „мешани раси“ поради нејзините карактеристики.

Во Панонската рамнина има европски нации како што се Унгарците, Романците, Словаците и други, рече Орбан. Ние овде „не сме мешана раса“. Згора на тоа, овие народи создадоа своја „нова европска култура“, продолжи унгарскиот премиер и нагласи: „Се боревме, подготвени сме да се мешаме еден со друг, но не сакаме да станеме народи од мешана раса“.

Критика на унгарскиот главен рабин

Унгарскиот главен рабин Роберт Фрелих на својата Фејсбук страница објави дека има многу различни видови на Земјата, но само еден што оди на две нозе, работи, зборува и понекогаш размислува – Хомо Сапиенс. Рабинот апелираше: „Ве молам грижете се за тоа“.

Каталин Чех, унгарска пратеничка во Европскиот парламент од проевропската и либерална партија Моментум, рече дека „режимот“ сега го покажува своето вистинско лице и додаде дека изјавите на Орбан потсетуваат на ерата „која сите би сакале да ја заборавиме“, пишува DW.

Слична критика стигна и од романска страна. Да се ​​зборува за „раса“ или за етничка „чистота“, пред сè во регион како Југоисточна Европа, е „едноставно лудо и опасно“, напиша на Твитер романската пратеничка во Европскиот парламент Алин Митута. Таа упати директна порака до Орбан во која вели дека е величествена карактеристика да се биде Европеец, со оглед на тоа што сите Европејци се од различно потекло.

Орбан досега избегнуваше да користи екстремно десничарски термини во неговите безброј јавни изјави за миграцијата, националниот идентитет и наводната имиграциска политика на ЕУ иницирана од американскиот милијардер Џорџ Сорос. Но, во неговите говори на т.н „Летната академија Фидес“ во Романија, тој постојано ја користеше можноста да привлече внимание со насочени провокации против наводно „декадентниот западен свет“ или либералната демократија.

Пронајдете не на следниве мрежи: