Украинскиот пилот Антон Листопад е убиен во борба, се вели во објава на Фејсбук на неговиот поранешен колеџ во Ивано-Франковск, пишува Киев Индипендент.

Медиумите не кажуваат каде починал Листопад.
Во 2019 година, Листопад беше прогласен за најдобар украински борбен пилот, а минатата година водеше воздушна колона лет над Хрешчатик како дел од прославата на 30-годишнината на Украина.
Неколку дена пред неговата смрт, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, му додели Орден за храброст од трет степен.


