Русија тврди дека Запорожје е безбедно токму поради нив, и дека е невозможно да се случи „Чернобил“

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека руското воено присуство во нуклеарната централа во Запорожје гарантира дека „сценариото на Чернобил“ нема да се повтори.

Портпаролот на руското Министерство, Иван Нечајев, вчера изјави дека е „неприфатлив“ предлогот на ОН за демилитаризација на областа околу нуклеарната централа, најголемата во Европа.

Русија ја освои областа околу Запорожје во март.

Нуклеарната централа е во близина на линијата на фронтот и беше цел на гранатирање во последните недели, што ги зголеми стравувањата за нуклеарна катастрофа како онаа во Чернобил во 1986 година, додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за нападите.

Украинската државна енергетска компанија Енергоатом објави дека руските сили планираат да ги затворат функционалните енергетски единици во централата и да ги исклучат од електричната мрежа на Украина.

Москва, од друга страна, во четвртокот ја обвини Украина дека планира „провокација“ во електраната.

Пронајдете не на следниве мрежи: