Артјом Бардин, познат и како „Феликс“, државјанин на Руската Федерација и еден од воените команданти, едвај го преживеа обидот за атентат во Бердјанск, град на брегот на Азовското Море на југоистокот на Украина.

Во овој терористички напад Бардин е тешко повреден и без двете нозе е префрлен во локална болница.
По оваа експлозија следеше пукање во овој пристанишен град, кој беше заземен од руската армија кон средината на март оваа година.


