Шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека истекувањето на гасоводот „Северен тек“ е предизвикано од саботажа и најави „најсилен можен одговор“ доколку биде нападната активната европска енергетска инфраструктура.
Според информациите кои се лиферуваат денеска, како и изјавите на европските челници може да се заклучи дека станува збор за САБОТАЖА
Данската премиерка Метер Фредериксен денеска изјави дека нејзината влада смета дека истекувањето на гас од дански остров во Балтичкото Море е „намерна акција“.

- Зборував со премиерот на Данска Фредериксен за саботажата на Северниот тек (системот) – објави Урсула фон дер Лајен на својот Твитер профил и додаде дека сега најважно е да се истражат овие инциденти за да се добие целосно јасна слика за тоа што се случило и зошто.јавува Ројтерс.
– Секоја намерна закана за активната европска енергетска инфраструктура е неприфатлива и на тоа ќе одговориме на најсилен можен начин – рече фон дер Лајен.


