НАЈБОГАТИОТ човек на светот Илон Маск го нарече идиот поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров поради неговиот став кон Украина.

Зошто луѓето кои седат во удобноста на своите куќи во Силиконската долина и кажуваат на Украина како да води политика? – изјави Каспаром на американската телевизија, Си-Ен-Ен. Тој инаку е познат по неговите изјави во корист на Киев.
Иако Каспаров навистина игра шах речиси како мојот Ајфон, во други работи тој е идиот. Немам ни куќа, ни замок, кретену – му порача Маск на Твитер.
На 3 октомври, Илон Маск на Твитер објави своја визија за условите за мир во Украина. Како прв чекор, тој предложи одржување референдум во регионите ДНР, ЛНР, Запорожје и Керсон под надзор на ОН.
Пронајдете не на следниве мрежи:


