Папата Франциско призна дека порнографијата е порок што го споделуваат дури и свештениците и калуѓерите, кои ги предупреди на опасностите од гледањето порнографија на интернет.
Од таму ѓаволот влегува во нас – рече Папата во Ватикан, одговарајќи на прашањето како на најдобар начин да се користат социјалните мрежи и дигиталните содржини.
Како што изјавил, порнографијата е „порок што го имаат многу луѓе, дури и свештениците и калуѓерите“, пренесува Би-Би-Си.
Зборувајќи за тоа како да се користат социјалните мрежи и да се движите низ дигиталниот свет, Папата рече дека треба да се користат модерни технологии, но дека не треба да се троши премногу време на нив.
Католичката црква бара од сите свештеници и калуѓерки да живеат целибат, што значи воздржување од сексуални односи и брак.
Гледањето порнографија би било прекршување на овие барања.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.