четврток, 12 ноември 2026
Најново

ЈСП: Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат нормално – Нема да дозволиме корисниците да останат без услугата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат непречено и покрај раскинатиот договорсо приватниот превозник „Макекспрес“, кој во изминативе години ги опслужуваше посочените линии, информираат од ЈСП Скопје.

ЈСП: Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат нормално – Нема да дозволиме корисниците да останат без услугата

– Возниот ред, трасите и постојките на линиите остануваат исти, единствено наместо возила на приватниот превозник, петте линии ќе ги опслужуваат возила и возачи на ЈСП Скопје.

Договорот со приватниот превозник „МАКЕКСПРЕС“ се раскина поради непочитување на обврските од договорот со кој беа уредени условите за начинот на јавен превоз. ЈСП Скопје и Град Скопје во ниту еден момент нема да дозволат корисниците на јавниот превоз да останат без услугата, независно од сите околности, соопштија од претпријатието.

Поврзани вести