Арапските деликатеси секогаш имаат специфична арома – тие претставуваат богата комбинација на вкусови во кои уживаат сите наши сетила. Прочитајте го во продолжение нашиот денешен предлог за арапски десерт со урми, бадеми и ореви.
Потребни состојки:
250 грама мелени бисквити
3 лажици путер
цимет
180 грама кондензирано млеко
180 грама крем сирење
јајце
екстракт од ванила
урми и ореви
60 грама сечкани бадеми
сируп од карамела (по желба)
Начин на подготовка:
Измешајте ги мелени бисквити и путерот. Мешајте сè додека не се соедини смесата. Покријте го огноотпорниот сад со хартија за печење, па рамномерно распределете ја смесата од бисквити.
Измешајте ги кондензираното млеко, крем сирењето, јајцето, циметот и екстрактот од ванила, па изматете ги со миксер додека не добиете мазна и фина смеса.
Добиената смеса додадете ја во огноотпорен сад, односно прелијте ја врз мелената смеса од бисквити.
Исечкајте ги урмите и оревите на ситни парчиња, па посипете ги врз смесата. На крајот ставете ги парчињата бадеми.
Тортата се пече на 180 степени целзиусови околу 20 минути. По желба можете да го прелиете колачот со сируп од карамела. На здравје!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.