четврток, 12 ноември 2026
Најново

Отворени меѓународните турнири во пинг -понг и голбал за спортисти со телесен инвалидитет и лица со оштетен вид

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во средното училиште „Михајло Пупин“ ги отвори меѓународните турнири во пинг понг за спортисти со телесен инвалидитет и во голбал за лица со оштетен вид. 

Во поздравното обраќање, градоначалничката Арсовска истакна дека Градот Скопје е поддржувач на многубројните активности на здруженијата на лица со телесен инвалидитет и со оштетен вид во насока на унапредување и подобрување на нивното секојдневно функционирање.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– Градот Скопје е силна поддршка во активностите за интеграција и подигнување на свеста во општеството за лицата со попреченост. Поддршката на здруженијата на лица со телесен инвалидитет  и со оштетен вид во насока на унапредување и подобрување на нивното секојдневно функционирање е еден од приоритетите во мојата програма. Работиме на подобрување на квалитетот на живот на лицата со телесен инвалидитет од здравствен, социолошки, образовен, културен и економски аспект. Многу е важно спортистите со телесна инвалидност да вежбаат и да тренираат, да се дружат и социјализираат и да се дел од спортскиот живот на Скопје – рече Арсовска. 

Меѓународниот турнирот во пинг-понг за спортисти со телесен инвалидитет е во организација на Здружението Мобилност Скопје, а меѓународниот турнир во голбал е во организација во организација на Спортско здружение на слепи и слабовидни ФЕНИКС од Скопје. На турнирите учестуваат спортисти од Република Македонија и од неколку соседни држави. Град Скопје двата меѓународни турнира финансиски ги поддржува.

Поврзани вести