Рецепт за вкусен колач без печење

Денес ви споделуваме рецепт за супер брз и вкусен колач без печење. Доколку сакате вкусен десерт за ручек, а притоа не сакате да поминувате многу време во кујната, морате да го пробате овој рецепт. Ви ветуваме дека ќе му се допадне на целото семејство!

Рецепт за вкусен колач без печење
Потребни состојки:
350 грама бисквити
120 грама путер или масло (½ чаша)
200 милилитри слатка павлака
250 грама крем сирење
2 лажици шеќер или засладувач по избор
Декорација: шеќер во прав, парчиња чоколадо (по избор)

Рецепт за вкусен колач без печење

Начин на подготовка:

Искршете ги бисквитите со раце и измешајте ги со растопениот путер. Половина од смесата ставете го во калап обложен со фолија и оставете го да отстои во фрижидер додека во меѓувреме го приготвувате филот.

Со миксер изматете ја слатката павлака и додајте го крем сирењето. Мешајте додека не се изедначи смесата и, доколку е потребно, додајте 2 лажици шеќер.

Префрлете го кремот во калапот со смесата од бисквити. Над кремот нанесете ја другата половина од смесата со бисквити и путер. Декорирајте со шеќер во прав и оставете го во фрижидер. Послужете го со парчиња чоколадо. На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.