Pistacchiosa или намаз од ф’стаци е италијански крем кој можете да го комбинирате во палачинки, сладолед, колачи и други десерти. Можете и да го намачкате на парче леб и да уживате во неговиот вкус.
Потребни состојки:
150 грама излупени несолени ф’стаци
190 милилитри полномасно млеко
30 грама путер
100 грама бело чоколадо
1 лажица шеќер во прав
Начин на подготовка:
Во тенџере загрејте ја водата и кога ќе зоврие додадете ги ф’стаците. Варете околу 4 минути, а потоа исцедете ги и оставете ги на чиста кујнска крпа. Излупете ги.
Ф’стаците префрлете ги во блендер, додадете 80 милилитри млеко и една лажица шеќер во прав. Мешајте околу 5 минути додека ф’стаците не се претворат во мазна смеса.
Загрејте го преостанатото млеко, путерот и белото чоколадо на тивок оган додека не се растопат, а потоа додадете ги ф’стаците и мешајте додека не добиете кремаста, мазна смеса. Ако смесата е премногу густа, додадете млеко. Префрлете го намазот во тегли кои ќе ги чувате во фрижидер до две недели. На здравје!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.