Рум се произведува од меласа од шеќерна трска, а најпознатиот потекнува од Карибите. Топол рум е верзија на топол коктел прилагоден на нашата клима и зимскиот период, а неговото оригинално име е „spiced hot buttered rum“…
Состојки:
две лажички кафеав шеќер
лажица путер
половина лажичка екстракт од ванила
малку цимет
малку мускатно оревче
60 мл рум
120 мл топла вода
Подготовка:
Во чаша ставете шеќер, омекнат путер, ванила и убаво зачините и измешајте. Прелијте со рум и топла вода, добро измешајте, па веднаш послужете.
На здравје!