Како што нагласуваат, средствата собрани од наплата на патната такса, согласно плановите на Владата ќе се инвестираат директно за реализација на најкрупните инфраструктурни проекти и тоа во изградба на автопати на Коридорот 8 и 10д, како и останатите автопатски делници со вкупна должина од преку 190 километри, во изградба на експресни патишта во должина од 64 километри, во рехабилитација на регионални и магистрални патишта од преку 150 километри и во преку 450 километри локални патишта.
– Првичните анализи покажаа дека цените на градежните материјали во инфраструктурата само оваа година во споредба со 2021 година се зголемени меѓу 30 и 55 проценти и се во постојана осцилација, што директно влијаат врз буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта и реализацијата на капиталните проекти. Но, и во такви услови со зголемени цени на градежните материјали, Владата преку Министерството за транспорт врски ЈПДП останува на ставот дека цената на патарините нема да се зголеми, соопшти Министерството за транспорт и врски.