Во велешкиот театар премиерно изведена „Зимска приказна“

– Детската претстава „Зимска приказна“, беше премиерно изведена попладнево пред бројна детска публика на големата сцена на Велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.

Автор на текстот е Катерина Момева, а претставата е во режија на Александар Ивановски.

Во улогите настапија Маја – Сандра Танчева, мајка – Елизабета Стефановска, татко – Ристе Ѓорѓиевски, дадилка – Кристина Зафирова, елка – Елизабета Стефановска, зајак – Филип Христовски, лисица – Кристијан Саздовски, царицата Мижијадам – Весна Димитровска Бобевски, мечка – Кристина Зафирова и Дедо Мраз – Ристе Ѓорѓиевски.

Сценографијата е на Филип Коруновски, автор и изведба на музика Сашко Костов, избор на костими Александар Ивановски, дизајн на светло Марјан Тодоровски и шминка Зорица Цветковска.

„Зимска приказна“ ќе се игра репризно од понеделник до четврток секој ден од 12 и 14 часот, а билетите можат да се набават на касата на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. 


Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.