Во Лозово во крводарителска акција собрани 23 крвни единици

Во организација на Општина Лозово и општинската организација на Црвен крст од Свети Николе денеска во Домот на културата во Лозово се одржа акција за доброволно дарување крв во која беа собрани 23 крвни единици.

Акцијата која е трета годинава во Лозово, ја изведе медицинска екипа од Регионалниот Институт за трансфузиона медицина од Штип предводена од д-р Борис Танев, информира Ѓорѓи Гилев, секретар на Општинската организација на Црвен крст од Свети Николе.

-Жителите на Лозово како и многупати досега ја искажаа својата хуманост на дело, потенцира Гилев.

Тој информира дека жителите од населените места на Општина Лозово на трите акции годинава во Лозово, а дел од крводарителите и самоиницијативно даруавеле крв во одделението за трансфузија во велешката болница. При тоа од сите нив годинава се собрани вкупно 130 крвни единици од жителите од Општина Лозово, информира Гилев.

Градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски изјави дека акцијата за доброволно дарување на крв е дел од богатата програма на локалната самоупрва по повод Денот на Општината и планираат таа да стане традиционална

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.