Австралија опен со рекорден награден фонд!

Првиот гренслем турнир во сезоната, Австралија опен, кој е закажан за 16 јануари во новата 2023 година ќе има рекорден награден фонд за тенисер(к)ите со вкупни 48,5 милиони евра (76,5 милиони австралиски долари)

Зголемувањето на наградсниот фонд е за 3,4 отсто во споредба со минатата сезона, а големи зголемувања добиваат сите што ќе учествуваат, од првото коло до самото финале.

Победниците на годинешниот турнир во Мелбурн ќе добијат по 1,88 милиони рвра (2,97 милиони австралиски долари).

Директорот на турнирот Крег Тајли објави дека вкупниот награден фонд вклучувајќи ги и подготвителните турнири, како што е „Јунајтед купот“, за прв пат ќе надмине 100 милиони австралиски долари или 63,4 милиони евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.