Зимска чорба со морков и карфиол

Домашна чорба од зеленчук што ќе ве загрее и засити во текот на зимските месеци.

Потребни состојки:
1 главица карфиол
2 големи моркови
1 лажица гриз
1 лажица оцет
суви зачини, по вкус
сол, бибер
1 јајце
1 шолја млеко
лист од магдонос
павлака по желба
Начин на подготовка:
Ставете вода во тенџерето, па додадете една лажица оцет и малку сол.

Исчистете го карфиолот, поделете го на парчиња и добро измијте го под студена вода.
Кога водата ќе зоврие додадете го карфиолот и варете во полупокриен сад, додека не омекне.

Извадете го сварениот карфиол и изгмечете го со вилушка. Изрендајте го исчистениот морков и пржете на масло додека не омекне.
Потоа во морковот ставете лажица гриз, пржете уште минута-две, па додадете го испасираниот карфиол.

Мешајте на умерена температура, па полека додајте ја водата во која го сваривте карфиолот. Сами одредете ја количината на вода, во зависност од тоа колку густа ја сакате чорбата.
Кога ќе зоврие, оставете да се вари околу 10 минути, па додадете ги зачините.

Изматете едно јајце со шолја млеко, па истурете ја содржината во чорбата и на крајот додадете ситно сечкан магдонос.
Послужете додека е топло, може да додадете и павлака по вкус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.