Денес ви споделуваме рецепт за здрави колачиња од овес кои се идеален избор за појадок!
Потребни состојки:
250 милилитри путер од кикирики
180 грама овесна каша
120 грама ореви
65 милилитри мед или јаворов сируп
3 банани
1 лажичка цимет во прав
1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
1.Излупете ги бананите и ставете ги во сад заедно со путерот од кикирики, медот, циметот и екстрактот од ванила. Со миксер изматете ги состојките за да добиете еднолична смеса.
2.Додадете ја овесната каша и сечканите ореви и сè убаво измешајте.
3.Добиената смеса префрлете ја во сад за печење.
4.Тортата се пече во загреана рерна на 180 степени целзиусови околу 30 минути. Добар апетит!