четврток, 12 ноември 2026
Најново

Целосно нова атмосферска канализација и водоводна мрежа: Арсовска денеска изврши увид во градежните работи на „Митрополит Теодосиј Гологанов“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска изврши увид во градежните работи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

– Денес направивме увид во градежните работи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кој е во фаза на целосна реконструкција на надземната и подземната инфраструктура, каде покрај коловозот, се обезбедуваат нови пешачки и велосипедски патеки.

Целосно нова атмосферска канализација и водоводна мрежа: Арсовска денеска изврши увид во градежните работи на „Митрополит Теодосиј Гологанов“

Реконструкцијата на булеварот опфаќа градежни работи на коловозот од 5350 м2, велосипедска патека и тротоари од 4500 м2, нови рабници, градежни работи на целосно нова фекална канализација, изведба на нова водоводна мрежа и заменување на постоечките приклучоци со нови, ново улично осветлување со лед светилки со контролери.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Го решаваме и деценискиот проблем со поплавувањето на овој булевар, бидејќи до сега тука воопшто не постоела атмосферска канализација, а старата и дотрајана водоводна мрежа која сега се заменува со нова, како и замената на приклучоците со нови ќе овозможи да нема прекини во водоснабдувањето, дефекти и загуби на вода.

Проектот кој се работи согласно сите европски и светски стандарди, е во завршна фаза со што се овозможува поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. – напиша Арсовска на Фејсбук.

Поврзани вести