Направете вкусно пилешко во сос и ќе имате одличен ручек за целото семејство.
Состојки:
500 гр пилешко бело месо
главица кромид
две чешниња лук
бибер
2 дл павлка за готвење
сечкан магдонос по желба
сол, бибер
Подготовка:
Кромидот и лукот исечкајте ги и кратко продинстајте ги на масло, па додајте го пилешкото кое сте ги исечкале на коцки.
Истурете малку вода и сè заедно динстајте додека месото не биде готово. Зачинете по вкус, истурете ја павлаката и оставете уште малку да се крчка и соедини.
Додадете магдонос и послужете со тестенини, ориз или компири.
Пријатно!