МЕРМЕР ТОРТА СО СИРЕЊЕ, шумско овошје и малини

Овие колачи со свежо сирење се подготвуваат брзо и лесно, имаат богат и свеж вкус, затоа не пропуштајте да го пробате овој уникатен деликатес без печење.

Состојки
мелен бисквит 300 грпутер, стопен 100 гр
ЗА ПОЛНЕТО
несолено младо сирење 500 гр
слатка павлака 250 мл
шеќер 125 гр
шумско овошје и малини 300 гр
шеќер 2 лажици
сок од лимон 80 мл
желатин 2 кесички
вода 60 мл

Како да се подготви
Обложете го калап со дијаметар од 22 см со навлажнета и стуткана хартија за печење. Мелените бисквити измешајте ги со растопениот путер и истиснете ја смесата на дното на калапот и околу раб, па ставете ја во фрижидер додека го подготвувате филот.
За филот најпрво подгответе го желатинот со вода и оставете го да набабри па стопете го, може да се направи и во микробранова печка. Изматете ја слатката павлака како шлаг и оставете ја на страна. Со миксер се матат сирењето со шеќерот и сокот од лимон додека не се добие кремаста и мазна смеса, па се меша убаво со шлагот и половина од растопениот желатин.
Со миксер растурете ги растворените бобинки и малини со две лажици шеќер, а потоа измешајте со остатокот од растворениот желатин.
Извадете го калапот од фрижидер и истурете ги двете смеси во него. Направете шари со стапче за да добиете мермерен изглед., па вратете го во фрижидер. Оставете го да отстои најмалку четири часа, а најдобро е да го оставите преку ноќ на ладно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.