Печени тиквички и компири: Здрав и вкусен оброк за целото семејство

Доколку сакате да подготвите вкусен и здрав оброк, ова е вистинскиот рецепт за вас. Топењето на сирењата ќе даде богата арома, а овој ручек ќе биде вкусен и кога ќе се излади.

Состојки:

  • 500 гр. компири;
  • 500 гр. тиквички;
  • 3 јајца;
  • 3 лажици брашно;
  • 200 гр. сирење;
  • 200 гр. кашкавал;
  • павлака за готвење;
  • 5 лажици масло;
  • сол;
  • копар.

Подготовка:
Прво излупете ги тиквичките и компирите, па изрендајте ги и сварете ги компирите. Потоа додадете ги јајцата со павлаката за готвење, брашно, сол и измешајте со тиквичките и компирите.
Сето тоа се става во тавче премачкано со масло, се сечка копарот и се додава масло.
Се пече во рерна загреана на 220 степени додека не добие убава боја.
Кога јадењето ќе се испече, извадете го и изрендајте ги кашкавалот и сирењето, па повторно ставете го во рерна додека не се растопат сирењата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.