Мајра Вендолин е позната на ТикТок по своите кулинарски вештини, а обожавателите особено се воодушевени од нејзиниот трик за добивање супер крцкава сланина.
Сè што ви треба се парчиња сланина, микробранова печка и салфетки.
Мајра е позната по нејзините рецепти со малку јаглехидрати, како и по кето рецептите.
Таа вели дека сланината најдобро се готви во микробранова печка и има одличен метод како да биде совршено крцкава.
Тајната на совршено крцкавата сланина лежи во хартија за печење или салфетка – тие ја апсорбираат влагата, правејќи ја сланината екстра крцкава.
Мајра става парче сланина помеѓу две салфетки, а потоа ги става во микробранова печка.
„На хартија за печење ставете четири парчиња сланина и покријте ги, па печете ги околу три до четири минути“, советува таа.
Како што вели, хартијата за печење ја впива целата маснотија па на крајот ќе добиете супер крцкава сланина.