Нема ни да забележите дека немаат јајца, ниту млеко: Најдобар рецепт за посни палачинки

Ако сакате да постите, без разлика дали од религиозни или други причини, знаете дека тоа бара од вас да се откажете од секаква храна од животинско потекло.

Поради ова, луѓето често се откажуваат од постот, а денес има толку многу намирници достапни во посна форма, што постот никогаш не бил полесен.
Во продолжение ви носиме одличен рецепт за посни палачинки, кои апсолутно не се разликуваат од масните. Толку се вкусни и меки што ќе ги правите и кога не постите.

Потребни состојки:

  • 1 л. топла вода;
  • 500 гр. брашно;
  • 1,5 лажици шеќер;
  • 8 лажици масло;
  • 1,5 лажички прашок за пециво;
  • 1,5 лажички сода бикарбона;
  • прстофат сол.

Подготовка:
Измешајте ги состојките во брашното и додадете вода. Сето тоа се меша рачно со жица за матење и се пече во тефлонска тава. Пред да ја испечете секоја палачинка, истурете капка-две масло.
Од оваа мерка се прават околу 20 палачинки, во зависност од тоа колку тесто сте ставиле. Можеби ќе бидат малку тврди по печењето, но сè што треба да направите е да ги оставите да отстојат 15 минути ненамачкани под најлонска кеса и убаво ќе омекнат.

На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.