Денес ви споделуваме рецепт за пита со спанаќ која можете да ја сервирате во секое време од денот, како главно јадење, предјадење или ужина. Едноставна е за подготовка, но е многу вкусна!
Потребни состојки:
2 глави црвен кромид
1 млад кромид, ситно сечкан
2 чешниња лук, мелени
500 грама спанаќ, измиен и исечкан
200 грама фета сирење
2 јајца
малку свеж копар, сечкан (по избор)
путер или маслиново масло
сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
1.Ставете го спанаќот во голема цедалка и прелијте го со врела вода. Исцедете го и оставете го да се излади.
2.Додека спанаќот се лади, во тава пропржете ги кромидот и младиот кромид со 2 лажици маслиново масло со малку сол додека не омекнат. Префрлете ги во сад и кога ќе се изладат додадете спанаќ, фета, лук и копар и убаво измешајте.
3.Намачкајте калап за печење со димензии 20 x 20 сантиметри. Премачкајте ги корите за пита со маслиново масло (или путер) и ставете ги во плехот. Нанесете од филот врз секоја кора и сè така додека не ги наредите сите кори.
4. Загрејте ја рерната на 190 степени целзиусови. Печете ја питата 30-35 минути или додека тестото не порумени. Послужете ја питата додека е топла. На здравје!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.