Ќофте без месо и презла – вкусно, евтино и сочно: Рецепт за брз ручек за цело семејство

Ќофтињата спаѓаат во омилените јадења на нашите простори, а покрај вообичаените варијанти од мелено месо, може да ги направите и од зеленчук.

Поради тоа што содржат јајца, овие ќофтиња не се посни, но секако дека се одлично решение кога не знаете што да си подготвите за ручек.

Состојки:

  • 2 тиквички;
  • 2 јајца;
  • 2 чешниња лук;
  • Масло по потреба;
  • 200 грама брашно;
  • 1 лажичка прашок за печиво;
  • Сол, бибер, магдонос, суви зачини по вкус.

Подготовка:

  1. Изрендајте ги тиквичките на крупно, па посолете ги и ставете ги на хартија, па исцедете ги од вишокот вода.
  2. Во чинија потоа додадете брашно, јајца, прашок за печиво, зачини по вкус и ситно рендан лук.
  3. Оставете да отстојат 20-на минути, па со лажица вадете од смесата и обликувајте ќофтиња.
  4. Пржете во добро загреано масло за јадење додека не заруменат, па оставете ги на хартија за да не бидат многу мрсни.
  5. Послужете ги со зелка салата, свежа краставичка или пиперка.
  6. Пријатно јадење!
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.