Посочна од мaсната, а брзо се подготвува: Посна сарма со шампињони која постојано ќе ја правите

Моментално е време на Велигденски пост, кој со себе може да донесе некои предизвици во поглед на храната.

Некогаш можеби нема да имате инспирација што да подготвите, иако посната храна е многу разновидна, а некогаш ќе ви падне на памет некое масно јадење кое го обожувате.
Ако сте љубител на сармата и мислите дека посната верзија никако не може да биде вкусна, овој рецепт ќе ви го докаже спротивното.

Состојки:

  • 20 листови кисела зелка;
  • 500 гр. шампињони;
  • 200 гр. ориз;
  • 5 главици кромид;
  • моркови;
  • масло;
  • бибер;
  • сол.

Подготовка:
Прво пропржете го кромидот, па додадете ги морковите. Кога ќе бидат готови, во нив додадете ги печурките.
Откако и тие ќе се запржат, додадете го измиениот ориз и пропржете.
Потоа завиткајте ги сармите со добиениот фил, наредете ги во тенџере и ставете им вода преку нив.
Варете на тивок оган.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.