Недостигот од експлозиви во Европа може да го одложи снабдувањето со оружје за Украина

Недостигот на експлозиви во Европа може да го одложи зголемувањето на производството на проектили за три години, што е алармантна вест за Украина по повод ветените испораки на оружје, пишува весникот „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на експерти за оружје на ЕУ.

Недостигот од експлозиви во Европа може да го одложи снабдувањето со оружје за Украина

Недостигот од барут, пластични експлозиви и ТНТ може да го одложи планираното зголемување на производството на проектили до три години, според извори запознаени со производството на оружје во ЕУ. Тоа значи, пишува Фајненшл тајмс, дека европската одбранбена индустрија можеби нема да може да ги исполни очекуваните нарачки на ЕУ за Украина. Весникот цитира германски функционер дека „фундаменталното прашање е што индустријата не е во добра состојба за големо воено производство“.

„Фајненшл тајмс“ потсетува дека Европа вети дека ќе ги надополни резервите на оружје на Киев и ќе ја забрза испораката на артилериски гранати од 155 мм со финансиска инјекција. Украина долго време бара повеќе оружје за да ја зајакне својата одбрана против Русија, нагласувајќи колку се важни проектилите во битката за трошење бидејќи илјадници се истрелани секој ден од двете страни.

Денеска се очекува неколку земји од ЕУ да потпишат заеднички договор за набавка на артилериски гранати од 155 милиметри за Украина. Висок функционер на ЕУ минатата недела рече дека повеќето од 27-те земји-членки се очекува да го потпишат договорот, но некои сè уште го проучуваат предлогот. Инаку, планот предвидува првите нарачки за вакви проектили да бидат направени до крајот на мај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.