„Во село Грчец, вчера околу 8 часот наутро настана дефект поради што снабдувањето со електрична енергија е се уште во прекин.
Овој дефект е последица на контуинирано неовластено и неконтролирано користење на електрична енергија од страна на мештаните.
Трафостаниците се преоптоваруваат и оштетуваат, како и останатата енергетска опрема, а како резултат се појавуваат сериозни дефекти.
Екипите на Електродистрибуција при отстранување на дефекти и вршење на технички активности во ова село, се спречуваат од страна на жителите и често се соочуваат со вербални и физички напади.
Со ова, во целост се нарушува нормалното функционирање и работење. Поконкретно, невозможно е да се санираат дефекти се додека на вработените на терен им е спречен пристапот до самите енергетски објекти и немаат нормални услови за работа,“ велат од ЕВН.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.