Потпечени пиперки полнети со кремаст фил од сирење: Вкусен ручек кој е готов за половина час

Овие необични полнети пиперки, со вкусен фил од сирење и шунка ќе ги воодушеват сите членови на семејството. Она што е уште еден голем плус е тоа што се прават за помалку од еден час.

Потребни состојки:

  • 4 црвени пиперки пречесени на половина
  • 5 лажици урда или кајмак
  • 150 гр. сирење
  • 1 јајце
  • сол
  • малку рендан кашкавал
  • ситно исечкан лук
  • 200 гр. шунка (исечкана на коцки)

Начин на подготовка:
Ставете ја урдата (или кајмакот) во сад, па додајте го и издробеното сирење. Потоа додајте го и јајцето и убаво соединете, а по потреба и посолете.
Во смесата додајте ја исечканата шунка и лукот.
Пиперките исечете ги на половина и извадете ги семките, па наполнете ги со филот и наредете ги во тава за печење. Ставете малку масло одозгора и печете околу 30 минути на 180 степени.
Потоа, извадете ги пиперките и одозгора наредете го изренданиот кашкавал, па вратете во рерна за да се стопи. Врз пиперките на крајот можете да додадете магдонос или оригано.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.