Свечена велигденска салата со јајца и туна

Шарена и вистинска пролетна салата, а преполна со разновидни состојки – ќе ве воодушеви на прв залак.

Празнична трпеза за слава или празник е незамислива без салата, а наш предлог за овој Велигден е да ја направите оваа салата со варени јајца и туна. Многу е едноставна, а ни состојките не се скапи, па познатите руска и француска заменете ги со уште повкусно мезе. Се реди во слоеви, а освен зеленчук, како грашок и пченка, се користат и пролетни намирници како ротквици и власец.

Потребни состојки:
6 јајца
1 конзерва туна во сопствен сок
100 гр тврдо сирење
6 кисели краставички
1 нишка власец
1 китка ротквици
1 конзерва грашок
1 конзерва пченка
4 лажици јогурт
4 лажици мајонез
сол
бибер

Подготовка:
Јајцата сварете ги и исечкајте ги, па истурете ги во сад за салата. Одозгора ставете ја процедената туна и добро притиснете. Врз неа посипете сечкан власец, па измешајте јогурт и мајонез, посолете и побиберете, па половина од количината прелијте го врз власецот. Добро размачкајте, па истурете го процедениот грашок, а одозгора пченката. Потоа наредете ги ренданите ротквици и сечканите кисели краставички. Прелијте ја другата половина од смесата, посипете со рендано сирење и исечканиот власец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.