Сувото овошје е полно со хранливи материи, влакна, витамини и минерали, оревите се богати со протеини, омега 3 масни киселини и магнезиум, бадемите со антиоксиданси, а семките од тиква содржат здрави масти кои благотворно делуваат на здравјето на срцето и коските.
Комбинацијата од овие неверојатни природни намирници може да биде одличен домашен лек за зајакнување на имунитетот. Се зема по една лажица наутро, по можност на празен стомак, а комбинацијата од споменатите хранливи состојки ќе ви помогне да го започнете денот полни со енергија.
Домашен рецепт за зајакнување на имунитетот: Моќна комбинација од протеини и витамини
Потребни состојки:
30 грама ореви
30 грама бадеми
15 грама семки од тиква
25 грама суви кајсии
4 урми
25 грама сува брусница
сок од 1 портокал
200 милилитри врела вода
Начин на подготовка:
Прелијте ги со 200 мл зовриена вода урмите, кајсиите и брусницата. Оставете ги да отстојат 15 минути, исплакнете и исцедете ги. Сите горенаведени состојки ставете ги во блендер и додадете го сокот од портокал. Мешајте додека не добиете еднолична смеса, префрлете ја во тегла и чувајте ја во фрижидер.