Специјалитет од динстан зеленчук и зачини кој прекрасно оди со топол леб или месо на скара

Тактоука е марокански специјалитет направен од динстан зеленчук и зачини кој прекрасно оди со топол леб или месо на скара…

Мароканската кујна е богата со јадења од зеленчук полни со вкус. Едно од нив е тактоука – топла салата од мек зеленчук која се служи како прилог или рустикален намаз за лепчиња и сендвичи.
Се подготвува од едноставни состојки: пиперки, домати, лук и маслиново масло.

Состојки за тактоука:

  • 2 големи пиперки;
  • 3 супени лажици маслиново масло;
  • 4 големи домати;
  • 2 чешниња лук;
  • 2 лажици сечкан магдонос;
  • 2 лажици сечкан коријандер;
  • 1 лажичка чаден мелен пипер;
  • 1/2 лажичка ким;
  • 1 прстофат кајен пипер;
  • 1/2 лажичка сол (или повеќе по вкус);
  • 1/2 лажичка шеќер во прав.

Подготовка на тактоука:
Печете ги пиперките на скара или во рерна и вртете ги на секои 3 до 4 минути додека малку не загорат и омекнат. Ставете ги на чинија, покријте ги со крпа и оставете ги настрана да се излади.
Во меѓувреме, бланширајте ги доматите во топла вода, излупете ги, извадете ги семките и грубо исечкајте ги на парчиња од 1,5 см. Излупете ги и исечете ги пиперките на парчиња од 1,5 см.
Во длабока тава загрејте маслиново масло и додадете сечкан лук, па по десет секунди сечкан домат, зачини, билки, сол и шеќер. Мешајте повремено. Покријте и оставете да се крчка 10 минути додека не испари целата течност.

Пријатно!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.