Неколку совети како да ги стопите калориите од првомајската скара

Човечкото тело е неверојатно прилагодлива машина.
Дури и ако со години запоставување сте дозволиле да ја зголемите вашата тежина и наталожите масти вашето тело е способно да ги согори во многу пократок рок. Во таа смисла, времето е на ваша страна.

Овој продолжен викенд сигурно изедовте малку повеќе од вообичаено, па не е лошо да се вратите во форма во периодот пред вас.

Ако ги применувате следниве совети, иднината ќе ви носи само успеси во форма на намалени килограми.Вагата е најголемиот непријател на сите почетници. Не паничете кога ќе ја видите бројката на вагата. Почнете постепено и движете се кон вашата цел.
Постепено намалувајте го бројот на калории.
Не внесувајте секогаш ист број калории.

Неколку совети како да ги стопите калориите од првомајската скара

Дозволете си барем еден ден во неделата кога ќе се почестите сладолед или уживајте во вашиот омилен десерт со цел да го избегнете обилното јадење кое најчесто се јавува како резултат од лишеноста од овие мали задоволства.
Користете тегови при вежбањето и правете вежби од висок интензитет во повеќе повторувања.
Предизвикајте го телото да согорува повеќе калории со тоа што ќе внесете неколку потешки вежби во вашата рутина.

Јадете повеќе здрави масти (полинезаситени масти како омега-3, што ги има во риба и ореви, како и мононезаситени масти, како што се оние во путерот од кикирики, маслиновото масло, жолчките од јајце и рибиното масло).
Внесувајте повеќе протеини во исхраната.

Јадете 6 помали оброци на ден, а не 2-3 обилни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.