Едноставно, но вкусно: Рецепт за полнети домати со моцарела

Доматите и моцарелата се основата на италијанската кујна и една од комбинациите со кои никогаш не можете да погрешите. Денес ви споделуваме рецепт за полнети домати со моцарела за кој сме сигурни дека ќе му се допадне на целото семејство.

Потребни состојки:
6 домати
1/2 кромид (сечкан)
1 чаша печурки
1 чешне лук
1 чаша тестенини од јачмен
450 милилитри пилешки супа
1/4 чаша пармезан
200 грама моцарела
маслиново масло
сол и црн бибер

Начин на подготовка:
1.Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.
2.Измијте ги и исушете ги доматите, а потоа исечете ги врвовите кои ќе ви послужат како капак.
3.Внимателно издлабете ги доматите, додадете сол и свртете ги наопаку да се исцедат.
4.На маслиново масло продинстајте го кромидот, а потоа додадете ги исечканите печурки и лукот и продолжете со пржењето.
5.Додадете ги тестенините од јачмен во тавата со печурките и прелијте ги со пилешката супа неколку пати додека не се сварат тестенините.
6.На крајот додадете го пармезанот да се растопи.
7.Наполнете ги доматите со добиената смеса и додадете парчиња моцарела.
8.Одозгора ставете ги капачињата од домати и печете околу 30 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.