Печени бабури со сирење

Кога зборуваме за зеленчук, бабурите се веројатно еден од најпопуларните видови на Балканот, кој може да се користи на многу начини во гастрономијата.

Еден од начините на кои можете да ги користите бабурите е да ги печете со сирење.
Рецептот за ова јадење го најдовме на порталот Coolinarika, а наведените состојки се доволни за осум лица.

Потребни состојки:
500 гр свежо кравјо сирење
100 гр горгонзола
4 месести црвени бабури
1 јајце
1 лажица вегета
2 лажици маслиново масло
сол

Подготовка:
Варете ги бабурите околу 5 минути во малку посолена вода и веднаш изладете ги со ладна вода. Исечете ги по должина, исчистете ги од семките и конците кои се во нив.
Со миксер измешајте свежо кравјо сирење со јајце, горгонзола исечкана на ситни коцки. Во таа смеса додадете вегета.
Врз половинките од бабурите премачкајте го сирењето и ставете ги во огноотпорен сад подмачкан со масло.
Сето тоа се пече во рерна загреана на 200 степени Целзиусови околу 20 минути.
Послужете го јадењето со месо на скара или ладни закуски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.