Рамен стомак за само 5 минути дневно: Вежби кои даваат одлични резултати

Доколку имате над 35 години и не можете да се ослободите од опуштениот стомак, овие вежби ќе ви бидат од голема помош.

Како да го „соблечете“ желудникот кој „се прелева“ над гардеробата и да го израмните како даска е проблем кој ги мачи повеќето жени, особено оние над 35 години.

Нутриционистите ќе кажат дека треба да ги исфрлите намирниците кои предизвикуваат надуеност, да пиете доволно количество вода и билни чаеви, особено оној од растевици, а секој фитнес тренер ќе го има истиот одговор – пешачете и правите вежби кои го таргетираат овој регион.
Фитнес инструкторката Лара Бојаниќ за Ona.rs покажува вежби кои ќе ви помогнат да ги зајакнете и затегнете стомачните мускули.

Вежбите кои ви ги предлагам можете да ги правите секое утро дома, пред да одите на работа – вели Лара за Ona.rs.

Нема да ви требаат повеќе од пет минути дневно, а резултатите ќе бидат видливи многу брзо. Важно е да бидете упорни, секое движење да го изведувате свесно и паралелно со вежбањето да избегнувате производи од бело брашно, индустриски шеќер и газирани пијалоци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.