Пет години од смртта на Ванчо Петрушевски – беше и остана еден од најталентираните актери во земјава

Денеска, 25 август, се навршуваат пет години од смртта на познатиот македонски актер Ванчо Петрушевски. Почина на 67 годишна возраст во 2018 година, од струен удар во својата викендичка со скопско Орешани.

Инаку, Ванчо е роден на 19 април 1951 година во Скопје, а веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ. Учествувал во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии.
Познат е по улогите во Македонски народни приказни. Неговите многубројни настапи на естрадата, на радиото, филмот и телевизијата, со неговиот талент, умешност, шарм, го прават една од најпопуларните личности во земјава и пошироко.

Во 2016 година ја доби Државната награда 11 Октомври за остварување во областа на уметноста и културата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.