Уапсен Демири во Косово – обвинет за убиството кај Смилковско

Уапсен Алил Демири во Косово. Според информациите на А1он 38 годишниот Демири бил уапсен во соработка со македонската полиција.

„На (24.08.2023) полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РСМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело “Тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смиљковското езеро.“ велат од МВР за а1он.

Демири, Македонија го бара во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското езеро. По масакрот во Косово побегнаа Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и досега Косово постојано одбиваше да ги екстрадитира во Македонија.
Како што дознава А1он Демири ќе биде изведен пред надлежен судија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.