Македонските граѓани сакаат да живеат во Европската Унија ама во Република Македонија како членка на ЕУ, не во туѓи држави со бугарски пасоши, рече на денешната прес-конференција во Владата премиерот Димитар Ковачевски.
Граѓаните сакаат подобар живот по европски стандарди децата да има останат дома.
Сакаат интеграција, а не изолација. Верувам дека по успешно започнатиот процес на уставни измени во Собранието пратениците ќе се одважат и ќе донесат храбра одлука . Секој друг исход е неизвесна иднина за Македонија, истакна Ковачевски.