Сончево, но ќе дува и ветер на последниот ден од месец август

Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за локален слаб дожд.

Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Скопје сончево време со умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во наредните денови времето ќе биде претежно сончево со свежи утра и со појава на мала до умерена облачност во текот на денот.

Пронајдете не на следниве мрежи: