Викендов сончево време, од понеделник дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје претежно сончево, со минимална температура до 14, а максималната до 33 степени.
УХМР најавува дека и утре ќе преовладува сончево време со свежо утро, а потопло преку денот. Под влијание на влажен бран в понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови осетно намалување на дневната температура.

Од вторник се очекува претежно стабилно време со умерен до засилен северен ветер.

Потврдени се 13 загинати во поплавите во Босна
Портпаролот на Херцеговско-неретванскиот кантон Дарко Јука денеска потврди дека 13 лица загинале …
ЦУК: Три пожари на отворено изминатото деноноќие
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие на Единствениот …
СП: Почина 14-месечно бебе на Детската Клиника, неколку пати било враќано дома пред да биде хоспитализирано
Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клинички центар ,,Мајка Тереза” …
Еве каде може да донирате помош за настраданите од поплавите во БИХ
Интензивните врнежи од дожд, кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, предизвикаа поплави и …
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.