Шокантни сведоштва од денешниот протест пред Влада: Не е само јавното здравство, истото ми се случи и во приватна клиника!

Шокантни сведоштва на денешниот протест поради скандалот на Онкологија.

– Ова не се случува само во јавното здравство, ми се случи и во приватна клиника. После неколку хемотерапии син ми воопшто не ослаби, не му се изгуби апетитот, потоа друг доктор ми кажа дека ништо од хемотерапијата, јас ќе го оперирам детето.

Јас ова го зборував и пред неколку години, никој тогаш не ми даде поддршка, кажа госпоѓа низ солзи, која додава дека 40 години е медицинска сестра.

– Ве замолувам народе, без разлика на вера, на нација, сите заедно да застанеме и да се избориме против овие монструми, овие монструми мора да се тргнат, вели друг говорник на протестот чија мајка починала токму по терапија на Онкологија.

На протестот се читаше и сведоштво на заболен од рак на бели дробови кој четири месеци чекал за третата хепотерапија, по што му дале шест хемотерапии бидејќи состојбата му се влошила, а поради големата доза му се оштетиле црниот дроб и останати внатрешни органи…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.